ВМФЛ: Дерби на сезоната, Вардар - Гостивар, црвено-црните ќе имаат специјална поддршка

Денеска се игра првиот натпревар од 24 коло во ВМФЛ, дерби на сезоната во кое Вардар го пречекува Гостивар од 16 часот.

Средбата се игра на стадионот „Борис Трајковски“, Вардар во моментот е втор со 55 бода, Гостивар има бод помалку на третото место, прва е Воска со 56 бодови.

Специјален гостин и поддршка ќе има Вардар на денешниот меч, клубот ги повика сите кои го сакаат да дојдат и да дадат силна поддршка а воедно и да го поздрават легендарниот Андон Дончевски кој ќе го следи во живо овој натпревар.

Дојдете во што поголем број, да го поздравиме нашиот Андон Дончевски, да му се заблагодариме за сè што направил и прави за клубот, и да им помогнеме на нашите златни фудбалери, во борбата за пласман во Првата македонска фудбалска лига!

Сега е најпотребно – сите на стадион!

Големото дерби во ВМФЛ ќе биде пренесувано на Спортклуб.