ВМФЛ-ИСТОК: Беласица во бараж за ПМФЛ

Беласица е тимот кој ќе игра бараж  за пласман во ПМФЛ, запиша триумф над  Кожуф со 1-3 на гости. 

Милушев во првото полувреме, и два гола преку  Михаилов и Коцев во вториот дел, беа играчите кои донесоа важна победа за Беласица.

Од ВМФЛ -ИСТОК, Победа оди директно во ПМФЛ.

Резултати:

Кожуф – Беласица 1-3

Слога Виница – Победа 1-2

Братство – Осогово 1-3

Пехчево – Локомотива 3-0

Детонит јуниор – Каменица Саса 2-2

ФОТО: ФК БЕЛАСИЦА/Фејсбук