ВМФЛ стартува на 13 август, првиот дерби дуел Пелистер - Вардар во ноември

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона 2022/23 во ВТОРА МФЛ.

Натпреварувањето започнува на 13. август, првото дерби меѓу Вардар и Пелистер се игра во рамки на 14 коло, во ноември  во Битола.

Прво  коло ВМФЛ:

Кожуф – Пелистер
Аресими – Вардар
Пехчево – Гостивар
Охрид – Тетекс
Детонит – Беласица
Караорман – Воска Спорт
Саса – Беса
Борец – Слога Виница