Спорт // Спорт
ВМФЛ: Вардар сам на врвот, победа против Локомотива, Воска се спасуваше од пораз кај Пелистер
Вардар запиша победа против Локомотива Пехчево со 2-0, додека Воска се спаси од пораз кај Пелистер во Битола, црвено-црните по овој кикс на Воска се сами на врвот во ВМФЛ.
Со головите на Попзлатанов и Мишковски во првиот дел, Вардар стигна до сигурна победа против Локомотива Пехчево.
Пелистер водеше со голот на Драгарски против Воска, но гостите кон крајот на мечот стигнаа до нерешено преку Емини.
Вардар – Локомотива 2-0
Арсими – Борец 9-0
Беласица – Беса 1-0
Пелистер – Воска 1-1
Слога Виница – Гостивар 0-1
Тетекс – Саса 0-2
Кожув – Караорман на 12 октомври
Охрид – Детонит Плачковица на 12 октомври
ТАБЕЛА: Вардар 16, Воска спорт 14, Гостивар 14, Пелистер 11, Детонит 10 …