Спорт // Спорт
ВМФЛ: Вардар со десет играчи го победи Кожуф, победнички крај за 2022 година
Вардар со 2-0 го победи Кожуф, и со триумф ја комплетираше 2022 година.
По еден гол во двете полувремиња, во 20 минута Мицевски погоди за 1-0, во 60 минута веќе беше 2-0 за Вардар со голот на Маркоски.
Вардар од 50 минута играше со играч помалку, Симеон Христов доби втор жолт картон.
По денешниот триумф, екипата на Вардар се искачи на првото место со 36 бода, Гостивар има два помалку на второто место но и натпревар помалку, утре се среќава со Караорман на домашен терен.