ВМФЛ: Воска Спорт - Вардар без публика !

Дерби дуелот меѓу Воска Спорт и Вардар кој се игра в недела во Охрид, ќе се одигра без присуство на публика, објави домаќинот.

Воска потврди дека поради безбедносни причини делот ќе биде затворен за присуство на навивачи и тоа на двете екипи и ќе се игра пред празни трибини.

Комити најави ја присуство и покрај забраната за доаѓање на гостински навивачи, а сега по новата одлука, дербито Воска – Вардар ќе се игра без домашни и гостински навивачи.