ВМФЛ: Жоглев му донесе победа на Вардар

Вардар победи во  21. коло  во ВМФЛ на гостувањето против Локомотива со 1-2 и ја задржа предноста од четири бода на табелата во однос на конкуренцијата.

На дуелот кој поради казната на Локомотива се играше во Кичево, вардарци до победата дојдоа со голот на Владимир Жоглев во 96. минута.

ВТОРА ЛИГА – 21. КОЛО
Локомотива – Вардар 1-2
Детонит – Охрид 1-1
Борец – Арсими 2-4
Караорман – Кожуф 0-0
Каменица Саса – Тетекс 0-0
ВЧЕРА
Гостивар – Слога Виница 5-0
Беса – Беласица 3-0

Воска спорт – Пелистер (22. март, 15 ч.)