Во „Аџибадем Систина“ достапен најсофистициран и најсовремен ласер во урологијата

СПОЈ НА НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ

На Одделот за урологија во „Аџибадем Систина“, кој е составен од еминентни доктори од земјава и регионот, набавен е најсофистициран и најсовремен ласер Quanta Cyber Ho, за решавање на сите уролошки проблеми. Овој ласер, кој е најнова генерација холмниумски ласер, овозможува три типа ласерски операции на бенигна простата – вапоризација, вапоресекција и енулеација (комплетно вадење на простатата), како и кршење на сите типови камчиња во мочниот меур, уретрата и бубрезите, независно од нивната тврдина. Ласерот нуди можност и за комплетно сечење на стеснувањата на која било локација во уринарниот тракт.

Кога се применува ласерот?

Quanta Cyber Ho е холмиумски ласер од најнова генерација, кој успеа да ги исполни очекувањата на уролозите, да биде единствена платформа што ќе ги изведува сите ендоскопски уролошки процедури, односно:

·кршење на камчиња во уретра, преку ригидна уретроскопија

·кршење на камења во бубрег, преку флексибилна реноскопија

·PCNL (перкутана нефролитотрипсија)

·вапоризација на простата

·вапоресекција на простата

·енуклеација на простата (вадење)

·аблација на тумори на мочен меур

·инцизија (бескрвно сечење) на стеснувања на кој било дел на уринарниот тракт.

Бргу и безболно ги елиминира камчињата во уринарниот систем

Високософистицираниот Holmium ласерски систем на минимално инвазивен начин ќе ве ослободи од проблемите предизвикани од камчињата во уринарниот тракт. Ласерскиот сноп влијае директно врз камчињата, ги разбива на поситни парчиња, без да го оштетува околното здраво ткиво, притоа не предизвикувајќи ударни бранови. Досегашните искуства покажале дека Holmium ласерот е ефективен, без оглед на големината, локацијата, цврстината и составот на камчињата. Одлични резултати дава и кај пациенти со поголем број камчиња. Овој моќен ласер e извонредна иновација, која со помош на моќните технологии што ги поседува прави ефикасна фрагментација на сите типови калкули, со извонредна контрола на ретропулсијата, односно моќноста камчињата да „побегнат нагоре“. Поедноставно кажано, буквално го претвора во прашина секој камен во уринарниот тракт.

Скратено време на третман и болничко лекување, без постоперативни компликации

Нудејќи ги можностите за раскршување и претворање во прашина со енормна брзина, значително го намалува времето на литотрипсија кај пациенти со големи камења во уретрите (мочните канали) или бубрежни камења, кои на уролозите што ги изведуваат овие интервенции им овозможуваат да ги изведуваат сите познати процедури за елиминирање на камења, односно URS,FURS,RIRS,PCNL. Набројаните процедури Cyber Ho ги спроведува со употреба на 7 модалитети на нивото на пулниот удар, споредено со досегашните 3 кај другите ласери.

Златен стандард за интервенции на зголемена простата

Cyber Ho е ласер со висока енергијакој нуди опција за успешно оперирање на простати со различна големина, затоа што ваквите ласери можат да изведуваат вапоризација, дизајнирана опција да елиминира повеќе ткиво во единица време, со истовремена контрола на крвавење, со специјално дизајнираната двојна педала. Исто така, со овој ласер се отстрануваат и зголемени простати со методата HoLep – новиот златен стандард за третман на бенигно зголемени простати. Овие две методи го подобруваат исходот во лекувањето на бенигното зголемување на простатата, го скратуваат оперативното време, го намалуваат степенот на компликации, го скратуваат престојот во болница и потребата од трансфузија на крв. Процедурите се особено корисни затоа што може да се употребат кај постари пациенти, без да ја прекинуваат антикоагулантната терапија. На ист начин, може да енуклеира и тумори на мочен меур. Исто така, има и мод за бескрвна инцизија – сечење на стеснувања на уринарните канали на која било локација.

Тимот уролози лидери во регионот

Покрај стандардните процедури за дијагноза и третман, како и превентивни уролошки прегледи, уролошкиот тим ги изведува и најсложените реконструктивни операции на урогениталниот тракт кај деца и возрасни. Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија е лидер во земјава и регионот.

Специјални попусти во месецот на машкото здравје

По повод месецот на машкото здравје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви специјален превентивен уролошки пакет со 50% попуст. Во пакетот се вклучени: специјалистички консултативен преглед, PSA-маркер и ехо на урогенитален тракт со урофлометрија по цена од 6.000 денари, како и попуст за одредување на ризик за карцином на простата преку снимање со MRI 3 Tesla со 40% попуст.

ПР објава