Во „Аџибадем Систина“ лабораториски пакети за детален пост-ковид скрининг
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува промотивни пакети за лабораториски анализи за одредување на биохемиско-имоунолошки статус кај пост-ковид пациенти. Ваквите анализи се препорачуваат за сите пациенти кои прележале Ковид-19 без разлика дали биле асимптоматски, имале полесни симптоми или имале потешки компликации и биле хоспитализирани како резултат на инфекцијата со SARS-CoV-2, со цел следење на биохемиските и имунолошки параметри кај пациентот.
За пациентите се достапни три вида на пакети:
- Пакет 1 по цена од 1900 денари е наменет за оние пациенти кои биле асимптоматски случаи и се препорачува да се направи најрано еден месец по прележување на Ковид-19 и да се повторува на најмалку три месеци.
- Пакет 2 по цена од 2900 денари се препорачува за пациентите кои за време на инфекцијата имале полесни и поблаги симптоми. Испитувањата е најдобро да се повторуваат секој месец или максимум на три месеци.
- Пакет 3 по цена од 4.300 денари е наменет за пациенти кои биле хоспитализирани, за пациенти кои имале изразени белодробни потешкотии или имале други потешки симптоми од Ковид-19. Испитувањата задолжително треба да се прават најмалку еднаш месечно и да се повторуваат се додека по прележаниот вирус телото не се врати во првобитна состојба.
Испитувањата се прават преку крвна анализа, а резултатите се добиваат истиот ден. Во пакетите е вклучена и бесплатна консултација и читање на лабораториските анализи од страна на специјалист- кардиолог, секој работен ден од 14 до 15 часот. Целта на специјалистичките консултации е понатамошно насочување и советување на пациентот врз основа на лабораториските резултати или упатување на понатамошни прегледи и испитувања. „Аџибадем Систина“ нуди и можност за земање на примероци за анализа и во вашиот дом, благодарение на услугата HomeLab.
ПР Објава