Во едно се исти: Зошто сите религии украсуваат новогодишна елка?
Вековна традиција!!!
Дури и во нехристијанските култури убаво декорирано дрво симболизира почеток на новата година, а дали знаете поради што почнавме да ги украсуваме елките за Нова Година и Божиќ?
Украсувањето на елките на начин на кој денес тоа го правиме е родено на територијата на Германија, кога во средниот век за Божиќ елките се краселе со црвени јаболки, а на западот на денешна Германија и со колачиња во различни облици и свеќи кои го симболизирале Христос како вечна светлост. Во наредните векови, овој обичај се раширил по целиот Стар континент, а во Англија елките се украсени со бомбони, хартиено цвеќе, машни и мали подароци се појавиле во 1841 година.
Најпрво украсувањето на дрвото било поврзано само за високите слоеви, но многу брзо сите го прифатиле овој обичај. Доселениците од Германија овој обичај го претставиле на тлото на Америка, а Азија за новогодишната елка дознала од мисионерите. Меѓутоа, постојат бројни теории за тоа од кој обичај украсувањето на елките води всушност потекло. Најчесто се поврзува за симболизам на дрвја во обреди пред појавата на христијанството, посебно за приказната за Донаровиот храст, стебло кое древното германско племе го сметало за свето.
Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј, кој подоцна е прогласен за светец, во 723 или 724 година исекол едно од овие стебла, како на паганите би им ја докажал супериорноста на христијанството над нивната религија-недостатокот на реакција од паганските богови требало да им покаже на паганите дека треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството. Тој во тоа и успеал и моментот опишан со оваа легенда обично се смета клучен за покрстување на Германците. Обожувањето на дрвја било многу често меѓу европските пагани и воглавно преживеало нивното прифаќање на нова религија.