Во ФБИ под лажно име пријавила насилство: Бред Пит ѝ врескал на Анџелина „Ти го зае*а ова семејство“

Љубов, деца, кавги, развод, старателство... Анџелина Џоли и Бред Пит не мируваат. Овој пат е вклучен ФБИ.

Иако долго време не се заедно, сепак е актуелна приказната околу врската на Анџелина Џоли и Бред Пит, бидејќи се појавија нови детаљи од нивната врска, со оглед на тоа што Џоли се обиде, но не успеа да го тужи за физички напад.

Анџелина Џоли е откриена како Џејн До која стои зад анонимната тужба со која се бара ФБИ да ги предаде информациите зошто не го уапсиле Бред Пит откако тој наводно „физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувал со приватен авион „пред неколку години". ФБИ го истражи случајот и одби да поднесе обвинение.

Анџелина тврди дека Пит „физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца. Наводно, пијаниот актер ја одвел до задниот дел од авионот и почнал да ја тресе за рамениците, викајќи „Ти го зае*а ова семејство!“

За време на истиот лет, Џоли тврдеше дека се здобила со повреди по телото, вклучувајќи го и лактот. Рекла и дека Бред во тоа време пиел алкохол и дека ја полил со пиво.

По инцидентот, специјалниот агент потоа се сретнал со помошникот на американскиот обвинител и одлучил да не покренува кривична пријава, поради што Анџелина анонимно поднесе тужба против ФБИ од Законот за слобода на информации за да добие документи поврзани со федералната истрага против Бред.

Тимот на Бред ги отфрли сите обвинувања.


Фото: Профимедиа