Во критична состојба е пациентката од Дебар: Коронавирусот ја достигна бројката од 70 заболени
Жената од Дебар која е меѓу првите забоолени се наоѓа во критична состојба на инфективната клиника и ставена е веќе подолго време на респираторна машина.
Сите останати пациенти се во добра состојба а некои од нив одбираат да ја поминат болеста дома за што лекарите имаат направено посебен алгоритам.–изјави на денешната прес конференција Министерот за Здравство Венко Филипче.
Бројот на заболени од КОВИД 19 се зголеми на 70.
,,Очекувавме бројот да расте“ –изјави Филипче и кажа дека до сега се направени 888 тестирања а уште 1400 се на располагање од кои 300 можат да се употребат во секој момент. Во Скопје ќе профункционираат уште два пункта за пријавување и земање брис за тестирање од Ковид-19, тоа се поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ а ќе се закажува преку бројот за ,,Мој термин“.