Во моментот кога му пресадиле срце на сериски убиец, бил подготвен на ужаси: Светот занеме кога прозборе сопругата

Мајкл Родригез ги направи најмонструозните работи по трансплантацијата на срце

Мајкл Родригез од Атланта е обвинет за убиство на 23 жени и 4 мажи во период од две години, почнувајќи од убиствата во декември 2013 година.

Човекот кој уби 27 луѓе во изминатите две години беше уапсен во 2015 година во Атланта. Откако неговата сопруга изразила сомневање дека е виновно неговото пресадено срце, полицијата решила да го истражи случајот и открила дека срцето што го добил му припаѓа на серискиот убиец Дерек Емери, кој бил погубен во 2013 година.

Според полицијата, обвинетиот редовно чувствувал нагон да убие и напаѓал секого што го гледал како ранлив за да ја задоволи својата „жед“ за крв.

„Изгледа како буквално да бил зависен од убивање“, рече капетанот Џери Вудсон. „Тој рече дека слушал гласови кои му кажуваат да убива луѓе и дека некогаш биле неподносливи, додека тој на крајот не убие некого. Како и многумина сериски убијци очигледно страдал од психички проблеми“.

Според неговата поранешна сопруга, која се разведе од него во февруари 2015 година, датумот на почетокот на убиствата се совпаднал со трансплантацијата на срце на Родригез. Таа вели дека операцијата драматично ја променила неговата личност и дека трансплантацијата е одговорна за неговите постапки.



„Тој беше мирен и шармантен човек пред трансплантацијата“, тврди Мишел Гонзалес, „но откако доби ново срце, стана темпирана бомба и изгледаше опседнат со пиштоли и лов. Купи пиштоли и ножеви и почна да ги убива сите — од зајаци до мечки. Не можев да го препознаам човекот со кој се омажив и решив да си заминам. Знаев дека стана поагресивен, но никогаш не мислев дека станал толку чудовиште. Се е поради тоа срце што му го дадоа, тоа е зло!"

Идентитетот на донаторите на органи често се чува во тајност, но полициските истражители добија пристап до досието. Откриле дека донаторот на органи бил осуден сериски убиец Дерек Емери, кој државата го погубила во 2013 година.

Злосторствата на Родригез би можеле да се поврзат со чуден несакан ефект од трансплантацијата на органи, наречен феномен на мемориски клетки. Иако ова сè уште не се смета за 100% научно докажано, неколку научници ја поддржуваат оваа теорија, а многу приматели на трансплантација на органи пријавиле дека доживеале такви ефекти.

Злосторствата што ги извршил Родригез би можеле да се поврзат со чуден несакан ефект од трансплантацијата на органи, наречен феномен на клеточна меморија. Иако сè уште не е 100% научно потврдено, тој е поддржан од неколку научници и лекари, а многу луѓе забележале чудни промени по трансплантацијата.

Однесувањето на луѓето кои примиле трансплантација на органи може да се поврзе со однесувањето на донаторот, а особено се верува дека таквото однесување најзабележително се манифестирало при трансплантацијата на срце.

Според една австралиска студија објавена во списанието „Quality of Life Research“, откриено е дека 79 отсто од пациентите кои добиле ново срце не почувствувале никакви промени, додека 15 отсто од пациентите признале дека чувствуваат дека делумно се промениле.


Foto: preentscreen/Youtube