Во напад одиме, навивачи како тим- Македонската фаланга со своја химна ќе ги поддржи ракометарите на Европското првенство во Унагрија

Облечени во дресови на Македонија, со знамиња и спортски реквизити, македонските навивачи од цела земја се собраа пред салата „Борис Трајковски“ да снимаат кадри од спотот за својата прва навивачка химна насловена „ Европско од сон“.

 Видно расположени, во еден глас ја пееа песната од почеток до крај.

- Со задоволство прифатив да бидам спонзор на првиот и единствен проект досега во нашата земја, навивачка химна за ракометната репрезентација, во која пеат и учествуваат само навивачи. Мислам дека ова ќе биде поттик за ракометарите да го дадат максимумот на теренот, а навивачите од сите наши градови и села како и од дијаспората со елан и задоволство да ја пеат не само додека трае првенството туку и потоа. Секој од нив ќе се препознае во спотот и во песната без разлика дали седи на трибина или покрај малите екрани. Бидејќи Македонија се сака без разлика каде и да си – вели Емил Угриновски сопственик на „Неуромедика“ , кој речиси три децении ги следи настапите на македонските ракометни репрезентативци на европските и светските првенства.

Химната е создадена и отпеана  од навивачи. 

Автори на „Европско од сон“ се  Филип Неделковски ( музика), Огнен Неделковски (текст) и Ангел Ќосев (аранжман и продукција). Носечки вокали се професионалните пејачи Дејан Тасев и Александар Здравков, вљубеници во ракометот. Гитарите ги отсвире Алек Николовски кој има 13 години. Режсер на видеото е Дарио Јанковиќ.

Галерија: