Во несвест и поврзан на респиратор: Сѐ повеќе сомнеж дека Алексеј Навали е отруен

 Вчера одекна веста дека рускиот опозиционер Алексеј Навали е отриен, по информацијата дека авионот со кој летал од Томска за Москва итно слетал на аеродромот во Омск, поради влошување на неговата здравствена состојба.

Навали беше итно префрлен во болница, а потоа се појавија шпекулации дека бил отриен со супстанца ставена во чајот што го пиел утрото.

Директорот на Антикорупцискиот фонд, чиј основач е Навални, Иван Жданов денес рече дека според претставниците на сообраќајната полиција, во организмот на Навални пронашле опасна супстанција, која не претставува само опасност за него, туку и за неговата околина.

Главниот доктор на болницата во Омск, Александар Мураховски, ги коментираше тврдењата дека наводно е пронајдена опасна супстанција во организмот на рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални, велејќи дека засега сите анализи се негативни.

„Во мојата работа, јас се водам според официјални документи. Оние официјални документи што пристигнаа од нашата хемиско-токсиколошка лабораторија, тој спектар на супстанции кој апаратот веќе ги проверил, сите покажуваат негативни резултати“, рече Мураховски пред новинарите.

Тој додаде дека не може да каже кои супстанции биле анализирани.

Мураховски изјави дека Навални сè уште е во несвест и дека е поврзан на респиратор.

Според него, транспортот на пациентот не е можен дури и ако семејството Навални ја преземе одговорноста за тоа, затоа што неговата здравствена состојба е нестабилна.


Жданов прецизираше дека не знае за која супстанција станува збор.