Во Њујорк објавен прирачник за безбеден секс во време на епидемија: Еве што не треба да правите
Во Њујорк - град во кој од околу
8,7 милиони жители, заразени со корона
се 12.000 жители, градските власти објавија водич за безбеден сексуален
живот за време на пандемијата, потенцирајќи дека во моментов еден од најбезбедните
начини за водење љубов е со вашиот редовен партнер,
јавува Њујорк пост.
Министерството за здравство, кое го потпишува прирачникот, препорачува граѓаните на Големото јаболко, сепак за да бидат побезбедни - да водат љубов со себе - мастурбацијата е најбезбедна, особено ако ги миете рацете (и вашите играчки) со топла вода и сапун пред и потоа, затоа што тоа е најсигурен начин да не се заразите со корона.
Друг, иако помалку безбеден начин е да водите љубов со партнерот со кој живеете.
„Правете што е можно помалку контакт со другите луѓе, вклучително и во сексот, ако сакате да го спречите ширењето на КОВИД-19“, се вели во прирачникот објавен на веб-страницата на градот.
Избегнувајте групен секс, избегнувајте да се бакнувате и оние кои бараат партнери преку Интернет да се задржат на видео состаноците, пораки и разговори, препорачува прирачникот за безбеден сексуален живот за време на коронавирусот.