Во Новата година зачекорете со нов личен печат: 3 најбарани машки парфеми
Полека но сигурно, годинава заминува, на прагот сме пред нови 365 дена, пред уште една година во која ви предлагаме да влезете со нов мирис, свој нов личен печат.
Од огромниот избор што го нудат Космо дрогериите одбравме три смели, заводливи и модерни мириси. Кои исто така може да ги најдете и во екомномични сетови.
Прв наш избор е парфемот BVLGARI Man Wood Essence. Филозофијата на овој мирис се заснова на балансот помеѓу урбаниот живот и модерниот човек и повикот на природата.
Италијанскиот цитрус заедно со листовите од коријандер даваат свеж, зелен карактер на интензивниот дрвенест состав кој вклучува акорди на чемпрес, ветивер и кедар на база на бензоин. Овој парфем е совршен за мажи кои не се плашат да ризикуваат- за похрабрите.
BVLGARI Man Wood Essence во новогодишната понуда на Космо оди во сет со 100 мл BVLGARI Man Wood Essence-Балсам за после бричење и гратис несесер. Овој совршен сет може да биде ваш за само 6. 290 денари.
Доколку сте љубител на мирис кој остава силен впечаток, тогаш ви предлагаме да го изберете парфемот кој неколку пати се најде на списокот на најдобри парфеми во светот. Мажествен, моќен и урбан - Gucci Guilty.
Дрвенестите ноти го прават овој парфем да изгледа машки и моќен, така што автоматски ќе се чувствувате како човек кој може да постигне било што. И овој парфем во декемврискиот леток на Космо дрогериите може да го најдете во сет. 50мл од Gucci Guilty пафремот и 50 мл Gucci Guilty - гел за туширање може да биде ваш за само 3.593 денари.
А, aко ви е здосадно од парфемите кои после половина час бледнеат и повеќе не се чувствуваат, тогаш овој парфем е за вас.
Еден од најсилните парфеми кои има силни мирисни ароми кои траат во текот целиот на ден е безвременскиот Giorgio Armani Code. Овој неодолив мирис може да биде ваш и исто така може да го земете во сет од 60мл+15мл парфем Giorgio Armani Code и 75 мл Giorgio Armani Code - балзам за после бричење за само 5.180 денари.
Доколку сте од прибирливите, ви предлагаме да посетите некоја од неколкуте Космо дрогерии и во нивното царство на парфемите да го одберете мирисот со кој сакате да зачекорите во Новата година.
Фото: Youtube-screenshoot-Jeremy Fragrance