Тренд // Патувања
Во Охрид воопшто не се носат маски во некои помали маркети: Влези, немат гајле!
Охрид е преполн со туристи и оваа сезона, како и минатата. Иако по продолжениот викенд за Илинден се очекуваше дека бројот на туристи ќе се намали, метежот на плажите, на паркинзите и во центарот на градот остана.
Заштитни маски се носат во големите маркети, а поради големата гужва во некои од нив стојат редари на вратите и купувачите ги пуштаат да влезат „на смени“. Но, има и помали маркети каде што маски воопшто не се носат. Ниту ги ставаат купувачите, ниту продавачите.
Бевме сведоци на ситуација кога еден повозрасен човек се извини на продавачката што не носи маска и го праша на влезот од маркетот дали има да се купи за да може да влезе, а продавачката му одговори: Влези, немат гајле!
Фотографиите погледнете ги на Женски магазин.мк