Во оваа куќа е роден еден од најголемите македонски великани
Скоро и да нема очувани куќи во кои се родиле Македонците кои испишале историја. Или се распаднати или воопшто не постојат.
Ама една гордо стои во Крушево и е нем сведок на историски настани кои ја одбележаа нашата земја...
Во таа куќа е роден македонскиот великан Никола Јанакиев Карев во 1877 година, познат како учител, национален деец, револуционер, војвода и Председател на Крушевската Република.
Катев живеел во овој дом, а многу рано, уште како дете ја почувствувал целата беда и горчина на македонската голгота и заради тоа почнува да се бори за создавање самостојна македонска држава.
Се роди, израсна во Македонија и загина за Македонија, на 27 април 1905 година во село Рајчани, Кочанско. Посмртните останки во 1953 година по повод 50 години од Илинденското востание се пренесени во Крушево, во Македониумот.
Куќата е стара скоро 150 години. Обновена е и реставрирана. Таа е споменик на културата. Во неа дише духот на великанот.
Изградена е во класичен староградски стил, адекватен за тоа време и има богати надворешни орнаменти.
Потсетник е на едно време, на една историја длабоко вкоренета во сите нас.