Во понеделник се потребни Европски манири на навивање, Македонија на победа против Бугарија
Натпреварот меѓу Македонија и Бугарија е важен за нашиот национален тим, потребна е поддршка од трибините, но таа мора да биде на ниво, со фер-плеј навивачка еуфорија, не е потребно каква било провокација и неспортски пароли.
Бугарија како федерација одлично ја угости Македонија во Разград, немаше инциденти, исвиркување на химната, напротив, се беше на потребното ниво, во овие деликатни моменти треба да се однесуваме одговорно, и спортски, сè друго ќе биде на штета на играчите, репрезентацијата, ФФМ и конечно на нас како држава.
Бугарија во Скопје ќе има поддршка од околу 200 навивачи, досега ФФМ има продадено 15.000 билети, што значи одлична атмосфера на „Тодор Проески“ арената во Скопје.
Македонија со победа, завршува како второпласирана, можеме и со бод да бидеме втори, секако поразот не е опција за нас.
Да бидеме победници, п осите основи, на трибини и на терен, без навивачки провокации, тоа ќе биде штетно за нас, да ја поздравиме Бугарија а потоа на терен да ја поразиме.