ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

По минатогодишниот успешен настан, компанијата Паком Компани и брендот VIVAX повторно организираат голема еко-акција за чистење на Водно, со која ја продолжуваат мисијата за зачувување на планината и подигнување на јавната свест за одговорно однесување кон природата.
Настанот ќе се одржи во сабота, на 3 мај, со почеток од 9 часот, кога учесниците треба да дојдат на почетната точка кај Полициска станица Водно кадешто ќе добијат основни средства за собирање отпад.
За првите 150 учесници организаторите подготвија дополнителна опрема за планинарење - ранец, термос, маица и јакна ветровка.
Во групи предводени од членови на планинарскиот клуб H2O, сите волонтери заедно со вработените од Паком Компани и VIVAX ќе се искачат до Средно Водно, по што ќе се поделат по најчесто користените патеки до врвот – Цветкова, Олимписка, Пензионерска и Новогодишна. На минатогодишната акција од овие патеки беа собрани повеќе од 200 вреќи отпад, со помош на 200 волонтери.
„Како бренд кој долгорочно вложува во заедницата и околината, сметаме дека зачувувањето на Водно е од заедничка важности среќни сме што дојде време да се вратиме онаму каде што имаме вложено многу време, труд и внимание за да придонесеме кон почиста природа и да поттикнеме здрав и активен живот кај нашите сограѓани.
Успехот на минатогодишниот настан ни влева ентузијазам и верба дека оваа година можеме на едно место да собереме уште повеќе љубители на природата со кои ќе ѝ помогнеме на нашата планина повторно да дише“ – истакнуваат претставници од VIVAX.
Сите детали за настанот се достапни на профилите на VIVAX на Facebook и Instagram
Заедно до почиста природа - се гледаме на VIVAX чистка на Водно во сабота, 9 часот, полициска станица Водно.