Во срцето на Санк Петерсбург: Еден хотел, цела уметност

Овој луксузен хотел се наоѓа на авенијата Невски Проспект, на 2 минути пешачење од метро станицата Мајаковска. 

Хотелот Коринтија Санкт Петерсбург нуди пространи и елегантни ентериери. Лустерите се со Сваровски кристали, а во одредени делови има и 18 каратна позлата. 

Наликува на палата во која целиот раскош ви се нуди на дланка. Иако се мешаат неколку стилови, сепак најмногу доминира рустикалниот ренесансен дух. Собите се големи исто како и бањите.

Хотелот е место за светскиот џет сет кој може да си дозволи ноќ која чини од 2000 до 5000 евра.

Има неколку затворени базени, самуна, теретана, фризерски салон, мал трговски центар и галерија со вредни уметнички слики.

Гостите можат да уживаат во пијалок во Невски бар или во лоби бар. Тука се изведува и музика во живо на пијано.

Одличен избор за патници заинтересирани за музеи, култура и уметност.