Во Тирана како на „војно поле“, тепачки меѓу навивачите и полицијата пред финалето во Конференциската лига

Вечерва во Тирана се игра финалето меѓу Рома и Феенорд во Конференциската лига.

Дуелот меѓу Рома и Феенорд започнува од 21 часот, а како „предигра“ бројни инциденти во главниот град на Албанија.

На три различни локации во Тирана, три инциденти, навивачи на Рома имале блиска средба со полицијата, а навивачи на Феенорд се пресметале со оние од Рим.

Епилогот е околу 60 уапсени навивачи, употребен солзавец за смирување на состојбата, оштетени полициски возила.

ВИДЕО:

https://twitter.com/EuronewsAlbania/status/1529233960211042304

https://twitter.com/xhildinho/status/1529230367143886849