Во ТОП 3 влегуваат овие: Парфеми на кои жените велат „Ух, колку си добар“
ф, колку е добро да мирисаш на убав парфем на маж, нели? Сајтот Faveable спроведе анкета и на жените им даде 97 машки мириси за тестирање. Тие ги рангираа според нивните сопствени преференции и составија листа на 10 најдобри машки парфеми по избор на жените. Од тие 10, ние издвојуваме ТОП 3 и ви ги претставуваме подолу:
1. Gucci „Guilty Pour Homme“
Провокативен и заводлив мирис кој се отвора со акорди на лаванда и лимон, оставајќи простор за пријатните ароми на цветовите од портокал, кои цветаат во самото срце на парфемот. Долните ноти привлекуваат внимание со топлите дрвенести акорди од кедар и пачули, кои даваат стабилен, возбудлив и топол тон на целата композиција. Шишето комбинирано од ладен метал и тешко стакло отелотворува мажественост, луксуз и елеганција.
2. Versace "Eros"
Свеж, дрвенест и малку ориентален мирис во кој маслото од нане се меша со зелено јаболко и лимон од Италија. Тонка од Венецуела помешана со цветови од амброксан и здравец дава топлина. Основните ноти се ванила од Мадагаскар, ветивер, дабова мов и кедрово дрво. Атрактивното шише парфем е направено од тиркизно стакло и украсено со глава од медуза, заштитен знак на куќата Версаче.
3. Dior "Sauvage"Мирис инспириран од дивите и отворени простори, синото небо што ги покрива карпестите предели и топлината под пустинското сонце. Тоа е свежо, сурово и благородно во исто време. Свежите горни ноти на карабрискиот бергамот се среќаваат со амброксан добиен од скапоцениот амбра и неговите дрвенести траги.