Војна до уништување! – Афлек удри ниско, на Џеј Ло и го зададе најболниот удар: Годишнината од нивниот брак ја помина во друштво на поранешната сопруга
Бен Афлек беше одлично расположен кога во вторникот наутро со поранешната сопруга се врати во Лос Анџелес. За приказната да биде повозбудлива, сè се случи на годишнината од бракот со Џенифер Лопез и само неколку часа пред латино дивата да поднесе барање за развод.
Покрај неговата поранешна сопруга, од која се разведе во 2018 година по 13 години брак, на патувањето се приклучи и нивното средно дете, синот Фин (15).
Афлек, исто така, беше виден како ја вози Гарнер на предното седиште на неговото црно БМВ додека го напуштаа аеродромот.
Само неколку часа подоцна ширум светот се рашири веста дека Џенифер Лопез по неколкумесечни гласини и официјално поднела барање за развод, и тоа на годишнината од нивниот брак.
Двојката не потпишала предбрачен договор пред да се венчаат во јули 2022 година. Во пракса тоа значи дека заработката што ја оствариле како поединци во последните две години, без разлика дали се работи за филмски проекти или големи спонзорски договори, се во заедничка сопственост.
Дали Бен Афлек ја обновил врската со поранешната сопруга? Не е познато. Не е познато дали Џенифер Гарнер сè уште е со своето долгогодишно момче Џон Милер.