ВОЈНА МЕЃУ МИЛЈАРДЕРИТЕ: Илон Маск му порача на Бил Гејтс дека нема поим!

Маск остро му одговори на Гејтс

Вистинско изненадување на Твитер, реакцијата на Илон Маск, шокира многумина.

Имено, првиот човек на Тесла и Невралинк одговори на прашање на корисник на Твитер. Тој беше заинтересиран за коментар од Илон Маск за мислењето на Бил Гејтс.

Еден од основачите на Мајкрософт ја даде својата визија за електричните возила. Тој посочи дека поевтините и поквалитетни батерии можат да ги направат електричните возила привлечна и пореална опција за сите возачи, но се сомнева во издржливоста на батеријата што ги полни поголемите возила, особено оние кои одат на долги патувања.

„Електричната енергија работи кога треба да покриете кратки растојанија, но ни треба различно решение за тешките возила на долги растојанија. Дури и со големи достигнувања во технологијата на батерии, електричните возила никогаш нема да бидат практично решение за товарни бродови и патнички авиони! “ - смета Бил Гејтс.

Гејтс, исто така, ги пофали производителите кои направија целосно електрични камиони, како што се ГМ, Форд, Ривијан и Болингер, но заборави да ја спомене компанијата Тесла чиј сопственик е Илон Маск, која го произведува Cybertruck.

Маск го коментираше мислењето на Бил Гејтс за електричните возила, одговарајќи многу кратко на корисник на Твитер: „Тој нема поим!“.

Ова не е прв пат овие двајца милијардери да влезат во конфликт, Гејтс го критикуваше Маск за неточни коментари за пандемијата на коронавирус.

Претходно, Илон ги „вжешти“ страстите меѓу двајцата кога откри дека имале разговор во февруари годинава, но дека бил многу разочаран и дека Гејтс не му оставил никаков впечаток.


Фото:  CBS THIS MORNING - DAVE BUSINESS

Можеби ќе ве интересира:

Ѕирнете во фабриката на третиот најбогат човек во светот: Произведува 4.000 автомобили неделно

ГОЛЕМИ ЗАГУБИ: Илон Маск преку ноќ остана без 16 милијарди долари, колку сега тој „тежи“?