Спорт // Спорт
„Волшебна“ напивка вели Ѓоковиќ, детали за мистериозната течност за победа
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос ќе играат во финалето на Вимблдон в недела.
Србинот во полуфиналето го победи Камерон Нори со 3-1, откако го загуби првиот сет.
Во четвртфиналето, Србинот беше подобар од Јаник Синер, иако губеше со 2-0, тогаш доби едно шише, и привлече вниманието кај јавноста, тогаш се случи пресврт на мечот, течноста била „волшебна“ се коментираше на социјалните мрежи. За ова шише се зборуваше и на вчерашната прес-конференција.
„Не можам многу да зборувам за тоа, важно е дека ми помага. Наскоро ќе објавам детали за тоа, сега не можам да зборувам, инаку тоа е „волшебна напивка“, тоа е сè што можам да кажам.“, рече со насмевка на лицето Ѓоковиќ.