Вонсерискиот Ал Пачино наполни 80 години: Еве што паметно кажуваше

Алфредо Џејмс Пачино е роден на 25 април 1940 година во Њујорк. Тој секогаш импресионирал не само додека играл, туку и во интервјуа. Денес споделуваме неколку незаборавни мисли и цитати од него кои ги откриваат човекот и актерот Пачино.

„Не брзајте да зборувате за себе кога сте во друштво. Разговорите за вас ќе следат дури откако ќе излезете од собата “.

„Колку е постара и поумна личноста, толку е помалку подготвена да разговара за незначителни прашања. Таа само сака да се зврши средбата, за да ви посака се најдобро и да си замине“.

„Лесно е да се измами окото, но тешко е да се измами срцето“.

„Јас сум актер, а не ѕвезда. Ѕвездите живеат во Холивуд и имаат базени во форма на срце“.

„Моите слабости? Ако ме прашавте за моите силни страни, ќе ја направев истата пауза. Можеби тие се истата работа“.

"Животот е патување со воз. Прво поминувате низ долг тунел без да знаете каде се движи. Потоа, некаде во 50-тите, возот го минува тунелот оди кон светло и гледате во далечина голема планина - крајната дестинација на патувањето. Јас веќе ја видов планината. Тое  еедно страшно чувството што ви ја смрзнува крвта “.

„За луѓето за кои постојам од време на време, јас немам време“.

„Јас секогаш ја кажувам вистината, дури и кога лажам“.

„Мојот најдобар совет за секоја млада личност е, ако сакате деца, бидете внимателни со кого ги имате. Тоа е мојата мантра “.

„Суетата е мојот омилен грев“.

"Се надевам дека луѓето ме земаат како актер. Никогаш не сакав да бидам филмска ѕвезда".

„Ги сака жени кои знаат да готват. Ова е прво. Љубовта е многу важна, но прво мора да имате пријател - сакате конечно да дојдете до моментот кога ќе кажете дека и жените со кои сте, исто така се ваши пријатели “.

„Нема среќа. Има само концентрација“.

„Актерот станува емотивен спортист. Процесот е болен - страда мојот личен живот“.

"Гледајте, но не допирајте. Допрете, но не вкусувајте. Вкусете, но не голтајте".

Фото: Reuters