Воопшто нема луксузни атрибути, а е најјакиот на светот: За кој џип станува збор?
Првото место е Лада Нива. Знаеме дека нема да ви се верува, но така велат автомобилските стручњаци.
Ова е џип кој нема луксузни атрибути и можеби не изгледа примамливо како другите, но ова возило навистина може да се искачи и на „бандера“. Се смета дека совршениот џип мора да биде подготвен за секоја препрека, а Lada Niva не бега од предизвици. Се останато се додатоци без кои се може.
За прв пат овој модел се појавува во 1977 година, а интересно е што се произведувал на девет локации во светот и тоа во Амам (Јордан), Кито (Еквадор), Букурешт (Романија), Черкеси (Украина), Каиро (Египет), Монтевидео (Уругвај), Тољати (Русија), Тебес (Грција) и Каменогорск (Казахстан). Во зависност од пазарот Lada Nivа во светот е позната и под името Diva (Уругвај), Cossack (Велика Британија), Job (Италија), Taiga (Германија), Bushman (Австралија)
Новите Лада Нива денес се надградени и уште повеќе се придава важност на заштитата, а прилично се евтини.