Ворен Бафет наполни 90 години: Овие се неговите совети за успех
Најуспешниот инвеститор на 20 век наполни 90 години. По тој повод неговиот пријател и исто така успешен бизнисмен, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс му направи торта. Гејтс преку видео на Твитер му се обрати на својот пријател Бафет.
„Ворен, среќен 90-ти роденден“, рече Гејтс.
Happy 90th birthday, Warren! pic.twitter.com/8nH2EulTR4
— Bill Gates (@BillGates) August 30, 2020
Бафет подели многу свои совети со дипломците за тоа како најлесно да се заработи. Секако овие совети не им вредат само на младите луѓе на почетокот на кариерата, туку може да ги употреби секој кој сака да оствари успех во капиталистичкото општество. Ова се некои од нив…
Не е се во инвестирањето
Првото нешто што луѓето можат да научат од Ворен, се разбира, е како да се размислува за инвестирање. За жал, повеќето луѓе застануваат само на ова, и на тој начин го пропуштаат фактот дека тој има огромно знаење за бизнисот и дека е многу моќен. На пример, тој тврди дека пазарот треба да се игнорира наместо да се следи, само затоа што на тој начин ќе ги искористите недостатоците на пазарот и грешките на компаниите.
Користете ја својата платформа
Многу бизнис менаџери им пишуваат писмa на своите акционери, но Ворен е со право познат по неговиот стил. Ворен е подготвен да зборува отворено и критикуваат нешта, исто како што не се двоуми да заземе став, како на пример кога даде поддршка на законот за зголемување на даноците за богатите, иако тоа директно се коси со неговите интереси.
Мораш да бидеш свесен колку е твоето време драгоцено
Без оглед колку пари имате, не можете да купите повеќе време. Секој ден има само 24 часа. Ворен не дозволува неговиот календар да биде исполнет со неважни состанови. Од друга страна, пак, е многу дарежлив со одвојување време за луѓе кои му се вредни.
Никогаш не престанувајте да учите
Според зборовите на Чарли Мундер од „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет ги насочил своите активности на неколку работи, со максимална концентрираност на нив. Работејќи така 50 години, станал експерт во тие нешта, исто како што на пример, Роџер Федерер е мајстор во тенисот. Со други зборови, Бафет сфатил во што е добар и константно работел на тоа усвојувајќи нови знаења.
Клучот е трпеливоста
Во бизнисот, но и во многу други нешта, трпението е важно, ако не и пресуден фактор. Бафет знаел кога треба да почека, иако е многу лесно да попуштиш на притисокот и да го „притиснеш копчето“. Но наместо избрзани одлуки, тој седел и чекал подобра понуда, која на крајот сепак се појавила. Трпението многу често значи – чекор напред.
Дадете им признание на своите колеги
Секој успешен претприемач не успеал сам. Секогаш тука биле другите успешни колеги, работници или деловни партнери кои го одработувале својот дел од работата. Ако сакате да ги следите чекорите на Ворен Бафет, никогаш немојте да заборавите да им се заблагодарите или да ги наградите луѓето кои ви помогнале на патот до успехот.
Фото: Getty images
Можеби ќе ве интересира:
На таа пара, можете и подобро: Стилот на топ 5 најбогати Македонци