Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

Отстранете до 99,97% од загадувањето во вашиот дом - соPhilips прочистувачите на воздух!

Аерозагадуањето во Македонија секоја година е на алармантно високо ниво. На тоа укажуваат мерните станици низ целата држава, кои речиси секојдневно во зимските месеци регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното. Според анализата на Светската банка уште од 2011 г., во Македонија повеќе од 1.350 смртни случаи годишно се резултат на загадувањето со ситни честички, а неофицијално сега овој број е можеби и трикратно зголемен. Дополнително, неколку илјади работни места се губат поради хроничен бронхитис, астма или прием во болница.


PM 2,5 честичките од прав во составот на смогот претставуваат реална опасност за здравјето на човекот. Заради исклучително малите димензии (2,5 микрона или 20 пати помали од човечкото влакно) тие се практично невидливи. Долготрајното вдишување на загаден воздух го скратува просечниот век на живеење. PM 2,5 честичките продираат во белите дробови и во крвниот систем, го зголемуваат ризикот од болести на респираторниот систем и го нарушуваат здравјето на луѓето кои страдаат од респираторни хронични заболувања.

Кога сме затворени во домот, сметаме дека сме заштитени од смогот и од загадувањето. Меѓутоа, тоа не е така! Природната вентилација во воздухот пропушта алергени, како што се ситнитеPM 2,5 честички прав ицветниот полен. Освен надворешните загадувачи на воздухот во домот, постојат и други алергени: домашен прав, грини, спори од мувла и животински влакна како и бактерии и вируси. Исто така, лоши честички се создаваат и при готвење и при чистење. Од друга страна, реновираните простории и мебелот можат да испуштаат гасови и отровни органски супстанции. Па така, загадувањето на воздухот во домашни услови може да биде од 2 до 5 пати поголемо од надворешниот воздух.

Токму затоа, апаратите за прочистувачање на воздух сѐ почесто почнуваат да се користат во обезбедувањето на чист воздух и здрава средина за живеење и работење. На пазарот се нудат повеќе типови на прочистувачи, меѓутоа истражувањата покажуваат декаPhilips апаратите за прочистување воздух отстрануваат до 99,97% од загадувањето на воздухот во домот. Овие прочистувачи во себе имаат инсталиран Nano Protect HEPA филтер со помош на кој се отстрануваат честички со големина до 0,003 микрони (за споредба, алергените достигнуваат големина од 10 до 100 микрони).

Повеќеетапното филтрирање на воздухот кај Philips прочистувачите се одвива на тој начин што загадениот воздух влегува во апаратот, претфилтерот ги задржува големите честички, на пример правот или влакната од домашните миленичиња. Потоа филтерот со активен јаглен ги отстранува штетните гасови, вклучувајќи ги и испарливите органски соединенија. Филтерот NanoProtect HEPA ги филтрира ситните честички, дури и тие со големина до 0,003 микрони, и на крајот, чистиот воздух излегува од апаратот за прочистување на воздухот.

Дополнителна предност кај Philips прочистувачите на воздух екористењето на VitaShield технологијата односно прочистувањето на воздухот е на природен начин – без јони, озон или хемиски средства. Тие нудат единствено прочистување без употреба на хемикалии и озон, ефикасна филтрација на загадувачите во воздухот до размер од 0,003 миркони.

Апаратите за прочистување воздух на Philips се препорачани од Полското здружение на алерголози. Независни центри за алергија го тестираат секој препорачан апарат за прочистување воздух. Затоа, можете да бидете сигурни дека Philips прочистувачите на воздух се безбедни за луѓето со алергии. Исто така, врз основа на извршените клинички тестови, фондацијата „Европски центар за истражување алергии“ (ECARF) потврдува дека апаратите за прочистување воздух на Philips придонесуваат за ублажување на алергиските симптоми.


Philips прочистувачите успешно го филтрираат загадувањето во воздухот, ги олеснуваат симптомите на алергија и го ограничуваат ризикот од појава на истите, го олеснуваат дишењето на луѓето кои имаат проблеми со дишните патишта, безопасни се за децата и за домашните миленици. Сите овие предности кај прочистувачите на воздух на Philips даваат сигурност дека воздухот во домот е почист односно дека сме обезбедиле ефикасна заштита од надворешното аерозагадување и внатрешните алергени, а со тоа сме го заштитиле своето и здравјето на најблиските.