Возилото излетало од патот: Млада девојка загина кај Пониква

Трагична сообраќајна несреќа кај Пониква однесе млад живот.

32 годишна девојка го загуби животот, додека две други лица се повредени.

Ова е исходот од незгодата која се случила кога возилото „Фолксваген туарег“  управувано од 38 годишен возач од с. Облешево излетало од патот. Во возилото била и уште една девојка која со сериозни повреди завршила на скопските клиники Мајка Тереза.