ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ ОД УБИСТВОТО ВО ШТИП: Ја убил 79 годишната жена од љубомора, главата и рацете уште и ги бараат
Истражителите ги откриваат најстрашните детали од убиството што ја потресе јавноста во Штип и пошироко низ Македонија. Осомничениот, 74-годишниот Д.А., се сомничи дека од љубомора и поради љубовни недоразбирања ја усмртил 79-годишната Б.Н., ја држел против нејзина волја во својот дом, а потоа ја заклал, го распарчил нејзиното тело и дел од посмртните останки ги закопал во дворот. Главата и рацете на жртвата сè уште не се пронајдени.
Случајот почнал да се разоткрива на 24 октомври, кога сестрата на исчезнатата, 84-годишната Д.О., во полиција пријавила дека Б.Н. исчезнала од својот дом и не одговара на телефон. Истражителите бргу дошле до сомнеж дека таа можеби е држена кај Д.А., со кого имала сложен и конфликтен однос.
На 10 ноември, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом. Во куќата биле пронајдени траги од крв и повеќе предмети значајни за истрагата, по што осомничениот бил приведен и задржан во притвор.
Форензичките вештачења го потврдиле најлошото сценарио. По повторното сослушување, Д.А. признал дека ја убил жената, а потоа го распарчувал телото со цел да ги сокрие трагите од убиството. Во дворот бил пронајден трупот, со фрактури на ребрата, но без видливи убодни рани од нож. Од обвинителството потврдуваат дека анализата на крвните траги несомнено укажува дека се работи за Б.Н.
Според досегашните наоди од истрагата, зад монструозниот чин стоеле длабоки љубовни конфликти и патолошка љубомора. Истражителите собрале сведочења дека односот меѓу нив подолго време бил обременет со кавги, сомнежи и меѓусебни обвинувања. Во својот исказ, осомничениот тврдел дека жената „го изневерувала“ и „го манипулирала“, а токму таа опсесивна љубомора, според обвинителството, довела до ескалација во насилство и до свирепото убиство.
Истрагата продолжува. Дел од телото – меѓу кои и главата – сè уште се бараат. Д.А. веќе е изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил 30-дневен притвор. Против него се покренати обвиненија за убиство и противправно лишување од слобода.
Извор: ФАКТОР