ВРЕДИ СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Ловците на богатство открија дури 10 тони нацистичко злато закопано во сандак
Ловците на богатство кои пронајдоа 10 тони нацистичко злато во темелите на палатата од 18 век во Полска, велат дека добиле дозвола да откопаат затрупан сандак во кој бил вредниот плен.
Организацијата Фондација-Шлезиски мост врши ископувања во селото Минковские, поточно околу старата стаклена градина во паркот на палатата од 14 хектари, пишува Дејли мејл.
Откриен е метален сандак
Се верува дека украденото богатство, кое требало да се искористи за основање на Четвртиот Рајх, било закопано таму по наредба на шефот на СС Хајнрих Химлер. Во мај оваа година, трагачите открија метален сандак закопан три метри под површината.
Објавувајќи видео на YouTube на 31 јули, Роман Фурманиак од фондацијата Шлезиски мост рече: „Возбудени сме што можеме да ја споделиме со вас веста дека е добиена дозволата потребна за последното ископување“.
Во богатството е и таканареченото Вроцлавско злато, кое исчезна од полициската управа во истоимениот близок полски град. Се верува дека во металниот сандак е и накитот и скапоцености од приватните колекции на богатите Германци кои живееле во областа.
Со цел да го заштитат својот вреден имот од напредувањето на Црвената армија, богатите Германци им ги предале своите богатства на СС. Локацијата беше откриена со тајни документи, дневник на офицер на СС и мапа која им ја дале на ловците на богатство од потомци на офицери кои припаѓале на тајна ложа стара повеќе од 1.000 години.
Овој дневник, воден од висок офицер на СС, наводно ја открива локацијата на друга палата во истиот регион. Таму на дното на бунарот наводно се складирани 28 тони богатство.
ФОТО: Silesian Bridge Foundation