Време е за најслаткиот настан годинава! Овие денови се Денови на медот во Рамстор Мол!

Во периодот од  02.12. па сè до 06.12.производителите на мед ќе ги претстават своите производи во Ramstore Mall, а сите посетители и вљубеници во добар мед, ќе имаат можност да прошетаат низ штандовите и да се информираат за благодетите на овие производи.

Медот е најдобриот природен еликсир, кој изобилува со витамини, минерали, амино киселини и ензими кои се од суштинско значење за одржување на добро здравје. Честата консумација на мед помага при зајакнување на имунолошкиот систем.

Ливадски, шумски, планински- несомненот медот е и храна и лек!

Од Ramstore Mall изјавија дека при организацијата на овој настан се строго запазени сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, а истовремено упатија потсетување и до посетителите да се придржуваат до истите.


ПР објава