Втората половина од МАРТ ќе биде во знакот на љубовта: На еден знак тешко ќе му оддолеете

Бик 

Во март сите очи на оние кои бараат љубов ќе бидат вперени во Бикот. Венера им носи сензуален шарм на кој другите тешко ќе оддолеат. Освен што може да добијат ненадејни пари, Биковите ќе почувствуваат изненадна привлечност кон некој, а доколку се во врска, оваа енергија е идеална за експериментирање и уживање во односите со саканата личност.

Девица

Девиците во овој период би може да се препуштат на дивите страсти. Тие не сакаат да бидат на непозната територија, но Венера им укажува на тоа дека и во ризикот има убавина. Освен тоа, доколку се подготвувате за некој деловен подвиг, во март би можеле да добиете налет на инспирација. Пред вас е забавен период полн со романси и креативност. Доколку не сте во врска, голема е веројатноста дека ќе се поврзете со некоја отворена личност склона кон филозофирање.

Шкорпија

Доколку сте во врска, би можеле повторно да проживеете фаза на меден месец со саканата личност. Венера го зголемува шармот и грациозноста, а оние кои не се во врска имаат неверојатно зголемена потреба да се поврзат со некој. Сепак, можно е и одеднаш да посакате повеќе слобода во врската, додека другото сценарио вклучува зголемена страст е исто така опција. Март за вас секако ќе биде месец за продуктивна размена со другите.

Јарец

Вие знаете како да настапите од самиот почеток. Поради креативноста и романтичноста која ви доаѓа од влијанието на Венера, ќе се чувствувате повеќе самодоверба од порано. Ќе сакате и ќе се чувствувате убаво. Може да се случи пред вас да се појави една возбудлива можност, од уметнички или љубовен вид. Вие знаете што сакате и не се плашите тоа да го добиете.