Втората руска вакцина- 100% ефикасна: Ја надмина и Спутник V

Вакцината против ковид-19, позната како EpiVacCorona, втората руска вакцина, се покажа како „100 процентна ефективна“ во раните фази на испитувањето, соопшти рускиот Роспотребнадзор.

Податоците, засновани на испитувања во фаза I и II, беа објавени пред почетокот на поголемото испитување во фаза III, што обично споредува илјадници учесници и плацебо група, пренесува Ројтерс.

„Ефективноста на вакцината се состои во нејзината имунолошка и превентивна ефикасност“, објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на Роспотребнадзор.

„Според резултатите од клиничките испитувања во фаза I и II, имунолошката ефикасност на EpiVacCorona е 100%“.

Истражувањата во фаза I и II ги тестирале безбедноста, несаканите ефекти и имуногеноста на потенцијалната вакцина кај 100 лица од 18 до 60 години, според државниот регистар на испитувања.

Русија во ноември започна со тестирање на вакцината EpiVacCorone, развиена од институтот Вектор во Сибир.

Претходно тој месец, Москва соопшти дека нејзината одобрена вакцина Спутник V е 92% ефикасна во заштитата од ковид-19 врз основа на привремени резултати.

EpiVacCorona ќе се користи за масовна вакцинација од март, изјави вицепремиерката Татјана Голикова за новинската агенција Интерфакс.

Извор: N1