Втората руска вакцина е безбедна и доаѓа наскоро? Производителите ги објавија најновите резултати од тестовите

Втората руска вакцина е безбедна и доаѓа наскоро? Производителите ги објавија најновите резултати од тестовите

Друга руска вакцина влегува во завршна фаза на тестирање, еве ги резултатите досега.

Првите 25 волонтери постари од 60 години, кои примиле вакцина против вирусот ковид-19, развиена од рускиот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор, немале никакви компликации, изјави шефот на Центарот за инфективни болести, Александар Рижиков.

„Тестирањето започна на 21 ноември на лица над 60 години. Првите 25 волонтери ја примија вакцината и досега не забележавме никакви негативни реакции“, рече тој на прес-конференција, пренесува ТАСС.

Вакцината произведена од Вектор е регистрирана на 14 октомври, а на 16 ноември е издадена дозвола за ново истражување на волонтери постари од 60 години. Два дена подоцна, издадена е дозвола за тестирање на други 3.000 волонтери.

Агенцијата исто така известува дека Русија ќе започне со имунизација меѓу цивилното население на 10 декември, додека се планира помасовна вакцинација за почетокот на следната година.


Фото: TANJUG/AP PHOTO/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO JR/RUSSIAN DIRECT INVESTMENT FUND

Можеби ќе ве интересира: