Wizz Air ги суспендира сите летови од базата во Скопје
Wizz Air денес најави дека сите летови од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 Април. Овие мерки беа објавени на 18 Март 2020, 23.00 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на Коронавирусот.
Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.
Wizz Air се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.