Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000
Компанијата Xiaomi, за потрошувачка електроника и производство на паметни телефони и хардвери поврзани преку IoT платформата во својата основа, го проширува своето портфолио во областа на AIoT и уредите за носење со пет нови производи. Се работи за Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, како и Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000. Дизајнирани да го подобрат секојдневниот живот, работата и забавата, овие производи комбинираат врвно аудио искуство со напредни режими за следење на здравствените параметри.
Најновите Redmi Buds 6 и Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат врвен звук со напредни функции, како што се оптимизирано поништување на шумот и мулти-димензионален звук. Дополнително, тие лесно се поврзуваат со новиот Redmi Watch 5, модерен паметен часовник со ултра тенок екран, долготрајна батерија и напредно следење на отчукувањата на срцето и спиење што совршено се вклопува во вашиот животен стил.
Новиот Xiaomi Power Bank 10000 е совршен придружник за долги патувања и тренинзи. Со голем капацитет на батеријата и брзо полнење, овозможува едноставно користење и обезбедува Вашите уреди секогаш да бидат подготвени за работа.
Redmi Buds 6: Совршен спој на избалансиран звук, стил и софистицираност
Redmi Buds 6 обезбедува врвен звук и персонализирано аудио искуство. Опремени со напредно активно поништување на бучавата (ANC) што го намалува шумот до 49dB¹, тие ефикасно ги блокираат надворешните звуци како дожд, ветер и бучава. Двојните драјвери обезбедуваат богат и динамичен звук, а различните режими на ANC и приспособливите поставки автоматски се прилагодуваат на околината. За јасна комуникација, двојниот микрофон со AI намалување на шумот го намалува позадинскиот шум, дури и при ветрови до 9 m/s¹. Вградениот аудио ефект од 360° обезбедува извонредно звучно искуство, ставајќи го корисникот во центарот на сè што слуша.
Достапни се во боите Cloud White, Night Black и Coral Green, Redmi Buds 6 нудат видливи нивоа на батерија во реално време, како и до 10 часа² репродукција соедно полнењеили дo 42 часa² со куќиште. Паметните опции на поврзување овозможуваат беспрекорно споделување звук³ или користење слушалки за hands-free⁴ фотографирање преку едноставни движења.
Redmi Buds 6 Pro: Запознајте ја аудио технологијата што поставува нови стандарди во индустријата
Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат исклучително аудио искуство. Опремени со тројни драјвери, кои имаат Hi-Res Audio Wireless сертификат⁵, овие слушалки, кои имаат дуални високотонци PZT во комбинација со звучник од 11 mm со титаниумска дијафрагма, обезбедуваат богати басови и кристално чисти високи тонови. Покрај тоа, просторниот звук⁵ со приспособливи режими обезбедува единствено аудио искуство – без разлика дали слушате музика, гледате видеа, играте игри или уживате во аудио книги. Напредната технологија за активно поништување на шум (ANC) го намалува шумот до 55 dB6 и опфаќа ултра широк опсег на фреквенции до 4 kHz, што е идеално за елиминирање на звуците што го одвлекуваат вниманието со средна и висока фреквенција. Со подобрени перформанси ANC од 14,16%7 во однос на претходната генерација, мулти-нивото на ANC овозможува кристално чист звук дури и во бучни средини.
Redmi Buds 6 Pro доаѓаат во три атрактивни бои — Glacier White, Space Black и Lavender Purple. Oвие слушалки овозможуваат дo 9,5 часа репродукција со едно полнење, а со куќиштето до 36 часа². Со едноставни контроли на допир, можете лесно да управувате со повиците, музиката, јачината на звукот и режимите ANC. За уште подобро искуство, адаптивниот еквилајзер (EQ) нуди четири претходно поставени режими и еден приспособлив, овозможувајќи Ви да го прилагодите звукот според своите желби и потреби.
Redmi Watch 5: Уживајте во паметниот часовник со flagship карактеристики
Со најголемиот и најсветлиот екран досега на Redmi паметниот часовник, Redmi Watch 5 им нуди на корисниците неверојатен AMOLED екран од 2,07 инчи, кој обезбедува одлична видливост дури и при најсилно сонце. Со осветленост од 1500 nit, фреквенција на освежување од 60 Hz и јасен приказ од 324 ppi, овој екран нуди искуство на ниво на водечките уреди. Импресивниот дизајн е дополнително нагласен со ултра тенките рамки со димензии од само 2 mm и неверојатниот сооднос на екранот и телото од 82%8. Батеријата трае до 24 дена, што овозможува сигурно следење на здравјето. Часовникот доаѓа со опции за прилагодливи ремени, премиум алуминиумска рамка и надградена круница, која комбинира удобност и стил².
Вградениот линеарен мотор обезбедува тивки и прецизни хаптички повратниинформации, додека поддршката за Bluetooth®телефонски повици и двојното намалување на шумот овозможуваат јасни разговори дури и во бучни или ветровити надворешни услови⁹. Redmi Watch 5 содржи нова алгоритамска технологија за следење на отчукувањата на срцето, развиена во компанијата, која ја подобрува точноста на следењето и им овозможува на корисниците да ги следат отчукувањата на срцето¹0, нивото на кислород во крвта и квалитетот на спиењето11 во текот на целиот ден. Со повеќе од 150 спортски режими, Redmi Watch 5 е совршен партнер за тренинзи, со вградениот GNSS систем со 5 компоненти за прецизно следење на активностите на отворено, додека водоотпорноста од 5ATM¹² овој часовник го прави идеален за љубителите на водените спортови¹².
Xiaomi 33W Power Bank 10000: Компактно и сестрано полнење во движење
Совршен придружник за оние кои се во движење, Xiaomi 33W Power Bank 10000 обезбедува брзо и практично полнење во компактна форма што лесно се вклопува во торба или џеб. Вградениот USB-C кабел овозможува едноставно користење на батеријата од 10.000 mAh¹3, која може да наполни компатибилен телефон Xiaomi до 45% за само 30 минути¹⁴.
Со совршениот баланс на големината и моќноста, Xiaomi 33W Power Bank 10000 тежи само 210 грама, што го прави лесно пренослив и едноставен за користење. Дополнителниот USB-C приклучок овозможува полнење од 33W15, додека дополнителниот USB-A порт поддржува динамична дистрибуција на силата до 22,5W16 по уред, со поддршка за полнење на три уреди истовремено, со можност за самостојно полнење од 30W.
Xiaomi 165W Power Bank 10000: Неверојатно брзо полнење со полн капацитет
За корисниците кои бараат брзо и практично полнење на преносни уреди, Xiaomi разви Xiaomi 165W Power Bank 10000. Oвоj Power Bank има два порта кои можат да испорачаат вкупна излезна сила до 165W¹⁷. Погоден за полнење на паметни телефони, таблети, лаптоп компјутери, може да полни два уреди истовремено со брзина до 120W¹⁷ и 45W¹⁸. Teхнички упатените корисници на Xiaomi уредите може да очекуваат дека со полнењето од 120W¹⁷ ќе постигнат целосно полнењесамо за 23 минути¹⁹.
Xiaomi 165W Power Bank 10000 доаѓа во елегантен дизајн и тежок е само 318 грамa, што го прави совршен за корисниците кои се во движење. Вградениот USB-C кабел го олеснува полнењето, додека паметниот екран со иконите во боја го прикажува нивото на батеријата во реално време. Флексибилниот и сестран, Xiaomi 165W Power Bank 10000 нуди два порта за полнење до 110W¹⁸ (65W + 45W), како и 90W²⁰ самополнење, oвозможувајќи 75% полнење само за 15 минути ицелосно полнењесамо за 35 минути²¹.
Цена и достапност
Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000 достапни се кајовластените партнери²² на Xiaomi.
Почетната цена на Redmi Buds 6 изнесува 5.990 rsd
Почетната цена на Redmi Buds 6 Pro изнесува 10.990 rsd
Почетната цена на Redmi Watch 5 изнесува 14.990 rsd
Почетната цена на Xiaomi 33W Power Bank 10000 изнесува 3.490 rsd
Почетната цена на Xiaomi 165W Power Bank 10000 изнесува 5.990 rsd
За корпорацијата Xiaomi
Компанијата Xiaomi е основана во април 2010 година,аво главниот одбор на берзата во Хонг Конг е од 9 јули 2018 година. Xiaomi е компанија која произведува паметни телефони и уреди поврзани со IoT платформата.
Со визијата која гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобра компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано се стреми кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради фантастично портфолио на производи по пристапни цени, за секој во светот да може да ужива во подобар живот користејќи ја иновативната технологија.
Xiaomi е една од водечките светски компании за паметни телефони. Во септември 2024, MAU MIUI достигна приближно 685,8 милиони ширум светот. Компанијата, исто така, ја воспостави водечката потрошувачка светска платформа AIoT (AI+IoT), со861,4 милиони поврзани паметни уреди до 30 септември 2024година, без паметни телефони, таблети и лаптопи.
Во октомври 2023 година, Xiaomi ја унапреди својата корпоративна стратегија наречена „Human × Car × Home“, спојувајќи ги личните уреди, паметните домашни апарати и автомобилите. Xiaomi секогаш се фокусира на луѓето и е посветен на обезбедување сеопфатно, подобро поврзано искуство. Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2024 година, Xiaomi шести пат едно по друго, беше вклучен во листата на Fortune Global 500.
Xiaomi е дел од индексот Hang Seng, индексот Hang Seng China Enterprises, индексот Hang Seng TECH и индексотHang Seng China 50.
Oграничувања и забелешки
¹ Податоците за длабочината на отстранувањето на бучавата/тестовите за намалување на бучавата од ветерот, обезбедени се од страна на Националниот институт за метрологија на Кина. Производот постигнува ANC длабочина од 49 dB во одреден опсег на фреквенции и 2 kHz во одреден опсег на длабочина, но не истовремено. Тестовите беа одделно спроведени.
² Траењето на батеријата се заснова на тестирање на производителот според симулирани реални сценарија. Вистинските резултати може да варираат во зависност од ажурирањата на софтверот, условите за користење, нивото на полнење и надворешното опкружување. Податоците за траењето на батеријата се засноваат на типичен режим на користење, тестиран од страна на Xiaomi Internal Labs. Вистинските резултати може да варираат.
³ Oваа функција бара движењата да се постават во апликацијата пред да може да се користат и не може да се користат за време на режимот на двојна конекција. Достапна е на следниве уреди кои подржуваат Xiaomi HyperOS: Xiaomi 14 Ultra, Xiaomi 14, Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro, Xiaomi 13 Ultra, Xiaomi 13 Lite, Xiaomi 12, Xiaomi 12 Pro, Xiaomi 12X, Xiaomi 11, Xiaomi Mi 11 Ultra, Redmi Note 14 Pro+, Redmi Note 13 Pro 5G, POCO F6, POCO F6 Pro, POCO F5, POCO F5 Pro, POCO F4, Xiaomi Pad 6S Pro 12.4, Xiaomi Pad 6. Се додаваат нови модели.
⁴ Достапно нa уредите кои подржуваатXiaomi HyperOS.
⁵ Користењето на LDAC aудио кодек и димензионалниот звук меѓусебно се исклучуваат.
⁶ Податоци за тестирање за активно поништување на шум обезбедени се од страна на Националниот институт за метрологија на Кина. Производот постигнува ANC длабочина од 55dB во одреден опсег на фреквенции и 4kHz во одреден опсег на длабочина, но не истовремено. Тестовите беа одделно спроведени. Вистинските резултати може да варираат во зависност од условите за користење.
⁷ Податоци обезбедениод страна на Националниот институт за метрологија на Кина. Вистинските резултати може да варираат во зависност од условите на користење.
⁸ Податоци тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi. Вистинските резултати може да варираат.
⁹ Часовникот мора да биде поврзан со Bluetooth на паметниот телефон. Повиците од трети апликации во моментов не се поддржани.
¹⁰ Функцијата мора рачно да ја вклучи корисникот.
¹¹ Овој производ и неговите функции не се дизајнирани за медицински цели и не се наменети за предвидување, дијагностицирање, превенција или лекување на која било болест.
¹² Redmi Watch 5 има оценка на отпорност на вода 5ATM (што е еквивалентно на длабочина од 50 метри). Oценката се заснова на стандардот ISO 22810: 2010. Бројот на извештајот од тестот е 68.189.24.0556.01. Часовникот може да се носи во базени додека пливате блиску до брегот и за време на други активности во плитка вода. Сепак, не може да се користи во топли тушеви, сауни или при нуркање. Избегнувајте директни удари од брзи струи за време на спортови на вода. Отпорноста на вода не е постојана и може да се намали со текот на времето.
¹³ Батерија со капацитет од 10.000mAh: Oвој производ користи две 3,65V 5.000mAh батерии, со вкупна енергија еквивалентна на една 3,65V 10.000mAh батерија.
¹⁴ Полнење на Redmi Note 14 Pro+ дo 35% и Xiaomi 14 Ultra дo 45% само за 30 минути. Податоци тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi, вистинските резултати може да се разликуваат поради фактори како што се верзијата на софтверот на уредот и условите на околината.
¹⁵ 33W полнењето се однесува на максимална излезна сила. Вистинските перформанси може да варираат во зависност од условите на околината и можностите за полнење на уредот.
¹⁶ 22.5W полнењето се однесува на максимална излезна сила. Вистинските перформанси може да варираат во зависност од условите на околината и можностите за полнење на уредот.
¹⁷ 165W/120W полнењето се однесува на максимална излезна сила. Вистинските перформанси може да варираат во зависност од условите на околината и компатибилноста на уредот.
¹⁸ 110W/45W полнењето се однесува на максимална излезна сила. Вистинските перформанси може да варираат во зависност од условите на околината и компатибилноста на уредот. За оптимални услови потребен е полнач со 3A кабел.
¹⁹ Полнење на Redmi Note 14 Pro+ 5G до полн капацитет само за неколку минути: Податоци тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi,вистинските резултати може да варираат поради факторите како што се верзијата на софтверот на уредот и условите на околината. Поддржува максимална сила на полнење за телефоните на Xiaomi со брзо полнење. Вклучен е USB-C кабел.
²⁰ Самополнењето од 90 W се однесува на максималната влезна сила. Вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од условите на околината. Потребен е полнач од 90 W или поголем и вклучен USB-C кабел.
²¹ Податоци тестирани во интерните лаборатории на Xiaomi,вистинските перформанси може да варираат во зависност од условите на околината. За оптимални резултати потребен е полнач од 90W или поголем и вклучен USB-C кабел.
²² Цените наведени во продолжението ги одразуваат европските малопродажни цени на уредите. Глобалните цени може да варираат во зависност од ДДВ, даноците и други фактори.