За 10мл.- 308 долари: Еден од најдобрите на планетата
Hortus Sanitatis има освежувачки и истовремено кул и пријатен земјен и лут мирис, барем така го опишува ГУЧИ. Овој бренд ја лансираше својата колекција на парфеми на висока мода, наречена „Алхемиска градина“ од која е дел и Hortus Sanitatis, најновиот парфем во оваа колекција.
Името на овој парфем значи „Градина на здравјето“ и содржи ноти на ветивер, папирус, кедар и ѓумбир. Мирисот не е единствениот аспект што привлекува внимание овде. Исто така, има прекрасно стакло шише во аква сина боја, инспирирано од старински апотекарски шишиња.
За овој парфем, кој многумина сметаат дека е унисекс, познатите мирисни експерти рекоа дека има голема моќ при заведувањето, дека е посебен во мирисните ноти и дека не е за секој кој не може да поднесе многу внимание.
Цената на овој парфем од 10 мл. чини 308 долари.