За да не ПАНИЧИТЕ: коронавирус смртност наспроти обична настинка

Според пишувањето на „Блумберг“, 99 проценти од починатите од короната во Италија, имале претходно други болести, а речиси половината три или повеќе. Најголем е ризикот кај луѓето со висок крвен притисок,  бидејќи бил регистриран кај 75 отсто од смртните случаи, 35 проценти биле со дијабетис, а една третина со срцеви заболувања. Само 0,8 проценти се без претходно регистирирани медицински проблеми. Просечната старост на умрените во Италија е 79,5 години.

Дневниот весник „Ил Соле 24 Оре“ наведува дека бројот на заразени е поголем, односно не 31.500, туку е повеќе од 100.000, затоа што се тестираат само лицата кај кои се присутни симптоми. Тоа го намалува процентот на смртност, на светскиот просек од 2-3 отсто.

Во светот:

* Кај 81% од заразените станува збор за блага форма на болеста, кај 14% од заболените има посериозна форма, а кај 5% предизвикува критична состојба.
* Општата смртност од корона вирусот е помалку од 2%.
* Највисока стапка на смртност е забележана кај луѓе постари од 80 години (8%), додека кај помладите од 39 години изнесува само 0,2%.
* Болеста ретко ги погодува децата. Помалку од 3% од заболените се помлади од 15 години.
* Нема пријавени смртни случаи кај пациенти кои имале блага или посериозна форма.

Еве и неколку официјани бројки од Светската здравствена организација: