За десет години ќе влезам во политика јако, на голема врата: Интервју со водителот Миро Кацаров
Водителот на емисијата „Г карпет“, Мирослав Кацаров, стана познат по прекарот Миро „Бекстејџ“, откако долги години беше дел од овој ТВ естраден магазин. Сега вели дека новата емисија која ја води со колешката Ведрана Ѓорѓевиќ му е голем предизвик, и поради телевизиската работа ја ставил во мирување неговата политичка активност. Миро во интервјуто за „Машки магазин“ ги коментира оние кои не го сакаат, вели дека се смее на озборувањата дека е хомосексуалец, се навраќа на животот во Дубаи и на детството во Штип, и открива дека му е сон да стане родител.
*Започна новата сезона на емисијата „Г карпет“, по што е различна од претходната?
-Различна е енергијата и една година сме повозрасни,Ведрана и јас. Но, морам да напоменам дека и студиото е различно од првата сезона, гостите , игрите, прашањата и плус тимот е проширен. Кога ќе видиш на крајот се е поразлично, само телевизијата е иста и водителите постари за една година. Шегата на страна, се’ е поразлично и тоа го чувствуваат гледачите, а нам тоа ни е најбитно, бидејќи и официјално оваа година и сме погледани од минатата.
*Кој бил Миро Кацаров пред да стане Миро „Бекстејџ“ и Миро „Г карпет“?
-Едно темпераметно момче кое заврши дипломатија и кое пукаше од амбиција да успее и да го работи тоа што го сака. Едно момче кое е пораснато во патријахлна фамилија, фамилија на интелектуалци , на чесни луѓе. Би бил среќен доколку можам да го наследам примерот од моите родители, брак, срќен дом и фамилија. Скромен сум иако луѓето не мислат така, односно тие што не ме познаваат.Популарноста воопшто не ме промени и пред сето ова денес јас бев и ќе си останам дечко кој ги сака луѓето и животните , ја сака модата, брзиот начин на живот ,кој верува и му припаѓа на Бога , кој ја сака фамилијата, ја сака работата што ја работи , дружељубив и искрен пред се’ .Сума сумарум нормален дечко кој има цел и сон.
*Какво детство имаше во родниот Штип, и како почна да се знимаваш со јавна работа?
-Детство како што сега го нема. Детство зачинето со југословенски шмек, со маалски игри, со леб и ајвар или леб и маргарин пред зграда, со почит кон постарите , со ритање топка, со детски жагор, со ластик и клин плочка , со ферка еден на еден после школо. Без ајфон, без таблет, без „Џордан“ патики, без тоа како моето дете е најдобро на цел свет , без незнам веќе што. А, почнав сосема случајно, Мики Црнокрак кога имав 19 години ме препорачана на кастингот кој тогаш беше организиран од „Бекстејџ“, се бараа водители и водителки , односно нови ТВ ликови .И ете благодарение на тоа , сонот стана јаве.
*Како те гледаат денес твоите штипјани?
- Уфф, има и такви што ме сакаат и што не ме сакаат. Не сум направил ништо лошо за да не ме сакаат но им пречи успехот. Јас само сакам да ме почитуваат дека сум штипјанец кој достоинствено ги претставува насекаде и друго немора. Но, дефинитно тие што ме сакаат се моите другари , пријатели и тие се повеќе од пола Штип , така што доминираат во секој поглед .
*Од која причина си замина од „Бекстејџ“?
- Си заминав бидејки мислев дека на „Бекстејџ“ повеќе не му треба Миро, нит на Миро му треба „Бекстејџ“. Заминав во друг клуб да давам голови. Освоив се’ со Бекстејџ , ми требаше ново искушение нов предизвик, „Канал 5“ го препозна тоа и ми даде простор и време да го докажам тоа .Одлично ми е овде, се чуствувам супер и верувам дека и со „Г карпет“ успехот е неминовен.
*На кој дел од твојот живот, приватен и професионален си најгорд?
- На животот во Азија, во Дубаи .Таму пораснав, таму созреав , таму научив како се живее сам за себе без мама и тато, тоа за мене беше војска, ред, мир и дисциплина.
*Кое е најлошто озборување и најголемата лага што си ја слушнал за тебе, како регираш на таквите?
- Дека сум хомосексуалец. Како да изреагираш, се смеам .
*Каква партнерка е Ведрана, и имаш ли во приватниот живот парнерка, жена во која си вљубен?
- Јас и Ведрана сме многу различни по природа но многу добро функционираме кога работиме ,мислам дека и тоа му дава една посебна нота на нашиот проект. Приватно ретко се дружиме но коа ќе се екипираме можеме и по два дена да седиме и да уживаме. Девојка немам,но сонувам да станам родител, тоа ми е приоритет.
*Во еден период се обиде и во политиката какочлен на ЛДП, како гледаш на денешните политички случувања кај нас?
- Јас сум се’ уште сум во политиката, но поради емисијата и теливизијата и членот 75 кој не дозволува уредници , водители да бидат вклучени во изборни кампањи си седам настрана но тоа не значи дека така и ќе биде за десетина година , тогаш ќе влезам јако на голема врата. Немам коментар за денешните случувања , ќе оставам тие да ме коментираат мене и Ведрана.
Милица Џаровска
Фото: Приватна архива