За енергија наутро: Смути од банана, цреши и бадемово млеко
Покрај водата наутро е пожелно да се испие барем една чаша смити. Овој вкусен напиток можете да го направите од разни видови на овошје и зеленчук. Веќе е познато дека овој пијалок го забрзува метаболизмот, но исто така го поттикнува и разградувањето на масните клетки. Тој е хранлив и освежувачки, а истиот може да биде одличен сојузник во губење на вишокот килограми. Еве една идеја за совршено смути
Потребни состојки:
• ½ шолја незасладено бадемово млеко
• половина замрзната банана
• ½ шолја замрзнати цреши (вишна или некое црвено овошје)
• 1 лажичка какао во прав Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте.
По потреба, додадете бадемово млеко за да ја добиете посакуваната густина. Ваквото смути е совршен напиток за секој дел од денот, а за негова припрема можете да користите намирници кои најмногу ви одговараат.
Фото: unsplash