За големиот апетит постои и голема цена: Хамбургер од 1000 евра!
Хотелот „Grand Hyatt Tokyo“ има нов специјалитет, наменет за сите луѓе со голем апетит, но не и со слабо срце..
Шефот на ресторанот, Оак Дор креираше специјален рецепт во чест на крунисаниот принц Нарухита – огромен хамбургер со говедско месо. Но, тоа не е обичен хамбургер, туку е финиширан со лепињи украсени со злато, а чини неверојатно 100.000 јени, односно околу 1.000 евра.
Само со еден залак, овој хамбурег ексклузивно ви ја пружи приликата да ги вкусите сите негови состојки, вклучувајќи гускина паштета и црни тартуфи, кои секако допринесуваат за неговата висока цена.
Природно наречен „Golden Giant Burger“, овој специјалитет е широк 25 цм, а висок 15 цм, додека тежината му изнесува некаде до три килограми. Оак Дор препорачува една порција од овој хгамбургер да биде поделена помеѓу 6 до 8 личности, кои притоа можат да уживаат и во комбинација со вино.