За квалитетот се лепат и спонзори: Лозаноски по терк на светските ѕвезди

Несомнено е еден од нашите најдобри пејачи, а тоа го докажува со секоја песна која веднаш станува хит. Влатко Лозаноски очигледно ја пронашол мерката за успех, а квалитетот е еден од неговите најсилни адути. Ја има моќта на сцената, моќта во гласот, во емоциите, движењата, насмевката, моќта и во скромноста... Тој веројатно е предодреден за кариера со широки размери.

Сето тоа му овозможува да биде ѕвезда со сите нишани. А, како и поголемиот број на светски ѕвезди и тој има еден куп спонзори кои ги рекламира. Има уште две- три како него кај нас кои можат да го направат ова.

Само на една од неговите последни фотографии на Инстаграм ќе забележиме многу компании на кои им ги рекламира производите или е нивно зашитно лице. Од облека, очила, фризура, па се до животно осигурување! И секој од брендовите е свесен дека неговата објава ќе ја видат скоро 60 илјади следбеници.

Па, браво Влатко!

Н.Т.