Тренд // Стил
За мажи со кристално чист стил: Новиот парфем на Долче и Габана
Light Blue Forever pour Homme од Dolce & Gabbana е мирис на дрвенест воден парфем за мажи. Ова е сосема нов парфем.
Беше лансиран токму оваа година и веднаш се најде помеѓу најдобрите 10 парфеми. Чудесен е, најпрвин опојно свежо мириса, а потоа наместо интензитетот да се намалува, тој се зголемува. Содржи врвни состојки кои мирисаат баш машки и наменет е за мажи со кристално чист стил.
Носот зад овој мирис е Shyamala Maisondieu. Врвни ноти се грејпфрут и бергамот; средните ноти се озонски состојки и виолетов лист; основни ноти се масло од јава ветивер, бел мошус и пачули.