За него ја испеа „Мики мико мој“: Политичарот со кого Лепа Брена беше во врска пред Боба
Љубов на нејзиниот живот е поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, а малку се знае за првата голема љубов на Брена
Една од најголемите љубови на нашите простори, кога станува збор за светот на познатите, секако е онаа во која со децении уживаат една од најголемите музички ѕвезди Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ.
Двојката е речиси неразделна уште од првата средба, а во 1991-ва година љубовта ја крунисаа со брак. Оттогаш ги добија синовите Стефан и Виктор, а Брена често со многу љубов зборува за Филип, синот на Боба од бракот со Зорица Накиќ.
Сепак, малку е познато дека Лепа Брена уште пред Боба имала една голема љубов. Згора на тоа, тоа е човекот кому му е посветен нејзиниот голем хит „Мики мој“!
Како што своевремено напиша „Курир“, Лепа Брена пред да го запознае Боба Живојиновиќ била вљубена во Мирко Крлиќ, кој извесно време беше пратеник и претседател на собраниската Комисија за култура и информирање во Србија.
Фото: printscreen/youtubeНабргу по раскинувањето, тој самиот изјави дека нивната врска се случила во првата половина на осумдесетите, кога Брена веќе била голема југословенска ѕвезда, а тој бил диџеј во родниот Зрењанин.
- Точно е дека Лепа Брена ми беше девојка долго време и дека се сакавме. Но, тоа е веќе минато и сега сме само добри пријатели - потврди Мирко пред 30 години.
Тогаш се пишуваше дека пејачката се мажи за новинарот Ратко Кнежевиќ, а на тоа се осврна и Крлиќ.
- Не бев изненаден кога беше објавено дека се мажи. Затоа што одамна знам таа нејзина желба. Додека бевме заедно често ми велеше: Мирко, најголема желба ми е да основам сопствено семејство, постојано ме прогонува помислата дека еден ден славата ќе помине и ќе останам сама. Не можеше да се ослободи од тој страв, особено што постојано беше одвоена од родителите, кои живеат во Брчко - изјавил тој во 1985-та година.
Како што тврдеше Мирко Крлиќ, на Брена ѝ се случила љубов на прв поглед.
- Брена ја запознав кога за прв пат настапи во Зрењанин. Си се допаднавме на прв поглед. И почнавме да се забавуваме. Потоа работев како диск џокеј во Домот на млади, а подоцна во кафеана. Брена два месеци пееше во нашиот град, а се гледавме и подоцна – рече тој.
Тој откри и дека Лепа Брена била тажна кога останала сама бидејќи се чувствувала осамено и ѝ недостигале родителите.
- Често ја наоѓав како плаче. Таа едвај ја поднесуваше осаменоста. Се случуваше да плаче цел час без да престане. И кога видов дека не може да се смири, ѝ реков: „Брено, спреми се, патуваме за Брчко!“ Брзо ќе се спремаше, ќе седневме во моето црвено „фиат купе“ и за нешто повеќе од еден час брзо возење ќе бевме со неа во Босна. Само кога беше во домот на нејзините родители, лицето на Брена светеше - се присети тој.
Знаејќи за оваа врска, пејачот и композитор Зоран Василиќ напиша песна за Брена „Мики мој“, чиј текст гласеше „Hej, Miki, Miki moj, imaš lepo telo, super ti je stas, zbog tebe ću, Mićo, izgubiti glas".
Мирко, инаку, подоцна се ожени и доби четири ќерки, а едната реши да се занимава со музика - ова е Тара Крлиќ, членка на женскиот поп бенд „Бети Буп“ од Зрењанин.
Извор: glossy.espreso.co.rs