За првпат во животот слави роденден: Турунџиева ѝ подготви изненадување на медената Атиџе

Ѕвездата од „Медена земја“ полни 57 години.

Веќе неколку месеци, Сузана Турунџиева е нејзина голема поддршка, а по повод нејзиниот роденден реши и да ја изненади.

Турунџиева вели дека Атиџе за првпат во животот прославува роденден и дува свеќички на торта, па затоа заслужува минимум тродневно славење.

Сузна сподели и видео каде ѝ пее роденденска песна на Атиџе и заедно ги дуваат свеќите на тортата и напомена дека ова е само генерална проба за роденденот на медената Атиџе.



Судејќи по описот на видеото, Сузана подготвува и други изненадувања за нејзината пријателка, но останува да видиме за што станува збор.Пред новогодишните празници пак, познатата водителка и пејачка, се потруди со сите можни средства да ѝ помогне на Атиџе, организирајќи хуман настан. Женски магазин присуствуваше на настанот, а таму Атиџе ја откри нејзината скромна новогодишна желба.