За сите родители: Зошто Стив Џобс во својот дом стриктно ограничувал користење на технологија?
Стив Џобс во светот е прогласен за „еванѓелист“ на развојот на дигиталната ера, но верувале или не, тој во својот дом ја забранил употребата на секаков вид технологија, дури и на неговиот популарен Ipod.
Новинар на Њујорк тајмс Ник Билтон, при една прилика го прашал Стив Џобс: „Твоите деца веројатно многу сакаат iPod?“, на што тој одговорил-да тие никогаш не го користеле.
Тој и неговата сопруга дома одредувале кога и колку нивните деца смеат да користат технологија. Го замислував домот на Џобс како вистински рај за бубалици со огромни екрани чувствителни на допир на ѕидовите и трпезариска маса составена од ајподи-вели новинарот Билтон. Меѓутоа, членовите на семејството повеќе сакале да се дружат и да разговараат за историјата и прочитаните книги. Тие седеле на маса и разговарале меѓу себе.
Можеби ви звучи чудно, но овој тренд е особено популарен и кај други експерти за технологија. Во Силициумската долина инженерите и другите информатичари ги штитат нивните деца од лошото влијание на технологијата. Тие дури и ги праќаат во училишта каде не се користат компјутери.
„Имам запознаено голем број директори на ИТ компании кои ми одговориле слично. Тие многу строго им ја ограничуваат употребата на технолошките уреди на нивните деца, најчесто и целосно ја забрануваат во текот на работните денови, со тоа што им дозволуваат да ги користат кратко време во текот на викендот“, изјавил Билтон.
Крис Анерсон, поранешен уредник на списанието „Wired“ и сегашен директор на компанијата „3D Robotics“, татко на 5 деца, во една прилика објаснил зошто луѓето кои работат во технолошката индустрија ги држат уредите подалеку од нивните деца.
„Децата ме обвинуваат мене и мојата сопруга дека сме фашисти и дека премногу се грижиме. Постојано се жалат дека другите деца немаат такви забрани. Тоа е така затоа што ние сме лично запознаени со опасностите од технологијата. Сум ги видел тие работи лично и не сакам истото да им се случи на моите деца“, објаснил Андерсон.
Хуан Вилијамс, основачот на Блогер и Твитер, и неговата сопруга Сара велат дека наместо ајпод нивните два сина имаат стотици книги кои можат да ги читаат секогаш кога ќе посакаат. Па, како родителите од светот на информатичката технологија ги одредуваат правилата за користење на технолошките уреди? Децата помлади од десет години се најмногу склони кон стекнување зависност и не смеат во текот на работната недела да користат никакви уреди. За време на викендот, компјутерите, телефоните и таблетите смеат да се користат помеѓу половина час и два часа. Децата на возраст од 10 до 14 години можат да користат компјутери во текот на работната недела, но само за домашни задачи. Лесли Голд, основач и директор на „Sutherland Gold“, вели дека во неговото семејство постои правило за забрана на сите екрани во текот на работната недела. Сепак, како што растат децата, мора да се прават некои исклучоци бидејќи компјутерите им требаат сѐ повеќе за учење. Кога се во прашање смартфоните, голем број од експертите за технологија не им ги даваат на децата пред да наполнат 14 години.